| четврток, 6 декември 2018 |

Унијата на млади сили го прослави Светскиот ден на среќата

de-na-srecata-2

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска, по повод Светскиот ден на среќата, на скопскиот плоштад постави кутии на среќа, во кои граѓаните можеа да извлечат ливчиња со пораки со кои се одблежуваше овој ден. Случајни минувачи, љубопитни да откријат за што станува збор, си ја пробуваа среќата и извлекуваа ливчиња со пораки на кои, освен мисла, имаше и апликација за паметни телефони.

– Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, како и со сите досегашнит акции, докажува дека е општествено одговорна. Насмевката на луѓето е нашата најбитна цел. Денеска е Ден на среќата, но ние им посакуваме на луѓето да бидат среќни 356 дена во годината – изјави Бојан Стојановски, генерален секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top