| четврток, 6 декември 2018 |

Тито Петковски нема да се кандидира за пратеник

Tito petkovski

Тито Петковски нема да се кандидира за нов пратенички мандат во Собранието. Тој ова го потврди во изјава за „Утрински весник“.

– Мојата приказна со Собранието заврши на 24 декември 2012 година кога беше погазена демократијата и достоинството на пратениците. Оттогаш не се ни појавувам на седниците – вели Петковски во изјавата за весникот.

Петковски е лидер на партијата НСДП, која имаше четири пратенички мандати во последниот состав на Собранието. Како што пишува весникот, Петковски не може да очекува повеќе од две места. Останатите тројца негови пратеници, Горан Мисовски, Соња Мираковска и Николче Ацевски имаат пратенички амбиции. На нивно место се очекува да се сместат пратениците на ЛДП, кои барале 3 пратенички столчиња, но според последните информации, максимумот до кој мож да дојдат се две пратенички позиции.

Анкетите покажуваат дека престојните парламентарни избори лесно може да го намалат бројот на пратеници на СДСМ, па оттука сосема е јасно зошто се вжештва борбата на Бихаќка за место погоре на пратеничките листи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top