
Се намалува бројот на грипозни во Македонија извести Институтот за јавно здравје. Во 11 недела од годинава во земјава се регистрирани 1.749 новозаболени на групни пријави за заболени од грип, што е намалување од 30,1 проценти во однос на минатата недела.
Во споредба со бројот на заболени во 11 недела од минатата сезона, се бележи намалување за 13,8 процент, а во однос на просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, зголемувањето e за околу 2 пати.
Најголем број заболени во текот на оваа сезона се регистрирани на територијата на Скопје, односно 3.815 заболени и во Прилеп – 3.631, а најголем морбидитет е регистриран во Кавадарци. Дистрибуцијата на заболени и морбидитетот по возрасни групи во сезоната 2013/2014 покажува најголем број заболени во возрасната група од 15-64 години – 65,2 процент, а најголем број е регистриран кај децата до 4-годишна возраст.
Од инфлуенца А позитивните, 17,3 процент се конфирмирани како инфлуенца A/H1N1pdm 09, 31,8 процент материјали се позитивни на инфлуенца А/H3N2, а 50,9 проценти се нетипизирани инфлуенца А вируси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


