Бројот на работници во индустријата во февруари годинава во однос на февруари минатата година е зголемен за 6,3 проценти. Во првите два месеца гдинава споредено со истиот период лани се евидентирани за 6,1 процент повеќе работници во индустријата, објави денеска Државниот завод за статистика.
Минатиот месец споредено со февруари 2017. пораст од 0,8 проценти има во секторот „Рударство и вадење на камен“, од 7,1 процент во „преработувачката индустрија“, а опаѓање од 0,6 проценти во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“.
Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во февруари годинава, во однос на февруари лани бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“, за 12,5 проценти, „капитални производи“ за 19,2 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 1,2 проценти, додека опаѓање бележи кај „енергија“ за 0,9 проценти и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 0,3 проценти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.