| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 500 повредени од метеорскиот дожд во Русија

Расте бројот на повредени од метеорскиот дожд што утрово го погоди Уралскиот регион во Русија. Според последните информации, медицинска помош побарале повеќе од 500 луѓе, но немало регистрирани потешки повреди. Најголемиот дел од повредите настанале од исекотини од скршени стакла и од помали потреси.

Руските медиуми повикувајќи се на неофицијални воени извори јавуваат дека била избегната вистинска трагедија само благодарение на реакцијата на руското воздухопловство. Руски воени авиони со ракети разнеле поголем метеор на илјадници парчиња на висина од 20 километри, кои потоа се распрснале на површината на земјата.

Метеорскиот дожд бил регистриран во регионите Челиабинск, Тујмен и Свердловск, како и во руската република Башкириа и во северен Казахстан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top