Претседателот на Русија, Владимир Путин, му нареди на Министерството на труд во најбрзо време да ги зголеми пензиите на Крим до нивото на руските пензии, пренесува РИА Новости.
„Сите граѓани на Русија треба да имаат исти услови на живот. Како вие ќе го направите тоа – тоа е ваша работа. Заедно со пратениците од Државната дума размислете и направете го тоа. Не се задржувајте, направете го тоа што побрзо“, рече Путин, обраќајќи се на министерот за труд, Максим Топилин.
Станува збор за зголемување на пензиите на граѓаните на Крим во просек за 100%.
РИА Новости, пак, објави дека жителите на Крим автоматски ќе станат граѓани на Русија. Ваквата норма веќе се содржи во законскиот проект за прием на Крим и Севастопол во составот на Русија, кој денеска беше внесен во Државната дума од претседателот на Русија.
Од денот на приклучување на Крим во составот на Русија, „граѓаните на Украина и лицата без државјанство кои постојно живеат на Крим и Севастопол, стануваат граѓани на Руската Федерација“, се кажува во законскиот проект.
Притоа, во времетраење од еден месец, доколку некој не сака да го прифати руското државјанство, ќе може да се откаже од истото.
Извор: Руска реч
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.