По ветровитиот и локално облачен крај на средата, следува повторно сончево време. Метеопро за денеска најавува дека ветерот ќе биде слаб низ земјата, генерално од севернен правец на струење.
Минималната температура низ котлините ќе има вредност во границите меѓу 2 Целзиусови степени и 6 Целзиусови степени.
Дневниот максимум ќе биде понизок во однос на тој од вчера и ќе достигне вредност во дијапазонот помеѓу 17 Целзиусови степени и 20 Целзиусови степени во поголем дел од населените места. Малку потопло ќе биде во гевгелиско – дојранскиот регион каде што се очекува температурниот максимум на воздухот да достигне вредност 22 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.