| четврток, 6 декември 2018 |

Украина ја повлекува војската од Крим

krim rusia

Украинската влада соопшти вечерва дека прави планови за повлекување на војската од Крим затоа што Русија презела контрола над полуостровот а нејзините единици ги зазеле сите воени инсталации на таа територија. Секретарот на националниот совет за одбрана и безбедост Андреј Парубиљ изјави дека Украина ќе побара од ОН Крим да биде прогласена за демилитаризирана зона, поради што своите оружени сили ќе ги повлече од полуостровот.

Денеска во Севастопол беше заземена командата на Украинската морнарица, а властите во Киев тврдат дека при тоа бил заробен командантот на морнарицата Сергел Хајдук.

Поради тоа Киев упати ултиматул до Крим да ги ослободат заложниците до 21 часот , но не кажа што ќе се случи ако не бидат ослободени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top