| четврток, 6 декември 2018 |

Киев со ултиматум до Крим- имате три часа…

krim

Привремениот претседател на Украина Олександер Турчинов попладнево му дал ултиматум на Крим од три часа да ги ослободи сите украински војници кои се чуваат како заложници во воена база во Севастопол меѓу кои е и командантот на украинската морнаричка флота адмиралот Сергиј Хајдук. Во ултиматумот не е наведено што ќе се случи по истекот на времето ако не бидат ослободени.

– Владата ќе преземе адекватни мерки ако сите провокации усмерени кон украинските војници не бидат прекинати, а адмиралот Хајдук и другите заложници, воени и цивилни не бидат ослободени до 21 часот, изјави Турчинов.

Командантот на украинската морнарица кој беше прв човек на црноморската воена база во Севастопол исчезна без трага откако во средата беше заземена базата од проруски војници. Властите во Киев тврдат дека бил киднапиран од кримските власти и дека се чува како заложник заедно со другите војници.

Украинските власти потврдуваат дека изработуваат план за повлечување на украинската војска од Крим.

– Правиме план за брзо и ефикасно повлекување на војниците и членовите на нивните семејства на подрачјето на Украина, изјави државниот службеник за национална безбедност и одбрана Андриј Парубиљ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top