| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски вети дека ќе го аболицира Заев

Кандидатот за Претседател на Македонија од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски ја презентираше својата програма во рамките на претседателската кандидатура за изборите кои ќе се одржат на 13-ти април.

Посебно место во програмата која опфаќа предлог активности на претседателот на државата во наредните 5 години завзема и ветувањето на Пендаровски дека ќе го аболицира Зоран Заев доколку тоа е потребно, а дека во крајна нужда доколку не се создадат услови за аболиција на господинот Заев, ќе се самоаболицира.

„Аболицијата беше заштитен знак на претходниот претседател на републиката со потекло од сино-жолтиот табор и за да покажеме доследност и константност во политичкото делување во Македонија, ја утврдуваме нашата позиција про-аболицијата за која дискутиравме на демократски тајни состаноци во нашата партија и од понудени 7 точки во изборот на фокалниот интерес, носивиот столб на оваа претседателска кампања, убедливо со акламација беше одлучено да одиме со аболицијата на чело“, изјави Пендаровски на прес-конференцијата на која ја претстави својата програма.

Додека Пендаровски ја образложуваше програмата на интерактивната прес-конференција, претседателот на СДСМ имаше свој перформанс како поддршка на исказот на Пендаровски и маскиран во Худини беше спуштен со врзани раце во базен полн со вода, па на ишарет на кандидатот Пендаровски во симулација на аболициониот процес, се ослободи од синџирите со кои беше врзан и излезе на површината, што беше проследено со громогласен аплауз од сите присутни освен од новинарите на Сител кои во тие моменти снимаа солзи на лицата на неколку присутни на пресот.

„Ако господинот Заев не дојде во позиција да биде аболициран, јас ќе се самоаболицирам. Ќе одржам прес конференција на која на кафе ќе ги повикам сите членови на ВМРО ДПМНЕ, а нема да им сварам кафе за да им го нарушам дневниот метаболизам, па се надевам дека ќе се доволно доблесни да ме тужат после што ќе можам да ја егзекутирам оваа демократска алатка на која ќе имам полно право и тоа ќе го сторам дури и подобро од претходната аболиција“, заврши Пендаровски.

Kромиди Запад

Kромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top