| четврток, 6 декември 2018 |

Руските сили зазедоа и втора украинска база на Крим

UKRAINE-RUSSIA-POLITICS-CRISIS

Руските сили, кои утринава го зазедоа штабот на украинската Воена морнарица во Севастопољ, под своја контрола ја ставија и украинската база во Новоозорное, во западниот дел на Крим,. Според западните медиуми педесетината украински војници ја напуштиле базата, будно следени од руски војници, а припадници на проруските „сили за самоодбрана“ го кренале руското знаме.

Заменик-командантот на базата, тефефонски за западните медиуми, изјавил дека припадниците на „силите за самоодбрана“ влеегле први, а пред нив имало група жени и деца. Руските војници пристигнале по нив.

– Украинските војници, иако беа вооружени, не пружија отпор и затоа никој не е поврден, дополнил тој.

Претходно, денеска маскирани вооружени лица, кои зборувале руски јазик, презедоа контрола врз штабот на украинската Воена морнарица во Севастопољ, откако тој беше нападнат од проруските „сили за самоодбрана“.

Кримските власти го приведоа командантот на украинската поморска флота Серхиј Хајдук.

Американски фотограф, кој добил дозвола да влезе во штабот, внатре видел како членови на „силите за самоодбрана“ ги опколуваат украинските војници додека овие го пакувале својот багаж и се подготвуваат да го напуштат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top