
Европската комисија денеска ја повика Украина да ја зголеми цената на електричната енергија со цел да реши дел од буџетските проблеми.
Украинскиот енергетски сектор треба да се реформира, сегашните цени на електрична енергија се силно субвенционирани од државата и тоа претставува особена тежина на буџетот, тоа треба да се промени, изјави заменикот претседател на ЕК Оли Рен, додавајќи дека ЕУ не го прифаќа анексирањето на Крим и Севастопол.
ЕУ треба да го поддржи Киев со сите можни инструменти, со цел да обезбеди стабилност на континентот, изјави портпаролот на ЕК Пиа Хансен, по денешната седница на еврокомесарите за кризата во Украина. Тие утврдиле доделување на една милијарда евра среднорочни заеми за Укрина, јави БТА.
Според заменикот претседател на ЕК Марош Шефчович последиците од украинската криза се многу сериозни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


