
Берлинската болница, во која се лекуваше Јулија Тимошенко соопшти дека поранешната украинска премерка е отпуштена и оти таа планира да се врати во Киев. Клиниката „Шарите“ соопшти дека 53-годишната Тимошенко добила две инјекции во ’рбетниот столб како дел од лекувањето на дискус хернија.
Инјекциите, според претставници на болницата, „драстично ги намалиле“ нејзините болки и и се подобрило движењето во десната нога.
Тимошенко поминала и интензивна физиотерапија, која болницата и препорачала да ја продолжи и во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина


