| четврток, 6 декември 2018 |

Порака до стјуардот од исчезнатиот авион: Тато врати се, Ливерпул победува

malezija

Мајра Елизабет Нари, 17-годишната ќерка на главниот стјуард во исчезнатиот малезиски авион, на својот татко викендов му прати порака преку Твитер, која го возбранува фудбалскиот свет.

-Тато, Ливерпул победува. Врати се да го гледаш натпреварот! Ти никогаш не ги пропушташ натпреварите. Ова ти е прв пат, стои во пораката на ќерката на стјуардот.

Таткото на Елизабет Нари е голем навивач на „црвените“, а емотивната порака беше испратена за време на големото дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, кое заврши со победа од 3:0 на гостите.

Нејзината порака не помина незабележано, па од фудбалскиот клуб Ливерпул, преку својот официјален Твитер профил, и изразија поддршка.

„Сакаме да знаеш дека сме со тебе, дека мислиме на твојот татко и на сите останати патници од летот MH370. Биди силна!“, одговори Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top