Доколку на „Гугл мапс“ побарате да го видите албанското село Лазарат, кај јужниот град Ѓирокастро, ќе се изненадите кога ќе прочитате кои сѐ услуги се понудени во ова парче албанска земја.
Таму сѐ е позврзано со хашишот и марихуаната, што е разбирливо, имајќи предвид дека селото Лазарат е познато како фабрика за марихуана.
„Ја продаваме најдобрата трева“, „Кафе и хашиш“, „Продаваме трева“, „Свеж хашиш“ или „Хашиш и живот“, се дел од понудите на „Гугл мапс“, доколку го барате селото со помош на оваа карта.
Селото Лазарат е познато и како бастион во кој полицијата не може да влезе со години, а редовно е во центарот на вниманието по запленети големи количества марихуана произведени таму.
Секоја педа во селото е засадена со ова наркотично растение. Годишно тука се произведуваат 900 тони марихуана, а жителите заработуваат 4,5 милјарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Седумте тајни места на мапата на Гугл
-
Заев заборави на Гугл мапс кога се градеа Цареви кули, а сега го заборава народот кој ќе го казни
-
Заврши акцијата во Лазарат: Зад убиството на полицаецот се браќа на 18 и 20 годишна возраст (видео)
-
Еден полицаец убиен, а двајца ранети во полициска акција во Лазарат