ЦИГ за Македонија – која е агенцијата која го испитувала јавното мислење? Дел од медиумите објавија анкета на извесна агенција ЦИГ, за рејтингот на кандидатите на претседателските кандидати, но никој не објасни која е агенцијата ЦИГ за Македонија, од каде доаѓа кратенката ЦИГ или кое е името на оваа агенција?
До „Република“ не пристигна никаво соопштение од ЦИГ, односно резултатите од нивното испитување не беа испратени на нашата е-пошта. Оваа анкета нема податоци, како и во кој период е спроведена анкетата. Стои само дека се вклучени 2400 испитаници, но не е посочено ниту каде, ниту кога, ниту како. Одредени телевизии беа казнети зошто при објавување на анкетата не било посочено кој нарачател и на каков примерок е правена. Во конкретната анкета, оној кој ја спровел анкетата воопшто и не посочува детали кои медиумот законски треба да ги објави.
Анкетата се појави и на страницата на Бранко Геровски, Плусинфо, со наслов ЦИГ: Пендаровски пред Иванов за дури 30 отсто, но наскоро исчезна од насловната страница. Истата единствено може да се најде преку time.mk, страница на која се објавуваат вестите од поголем дел од порталите. Директно на Плусинфо ја нема.
Геро, каде исчезна анкетата од веб-сајтот?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Анкета: Секој втор граѓанин е против каква било промена на името
-
Анкетно прашање, каде се наоѓа Г – точката: Кај жените мислам дека е зад увото… (видео)
-
Анкета: Македонците имаат позитивно мислење за Србија, а негативно за Косово, Албанија и Грција
-
Македонците оптимисти: Очекуваат економски простперитет во 2018 година