| четврток, 6 декември 2018 |

Насоката на исчезнатиот „боинг 777“ е променета 12 минути пред одјавата на копилотот

444850_malezija-avion-image.adapt.445.low_f

Промената на насоката на летот на „боинг 777“ е направена 12 минути пред копилотот Фарик Абдул Хамид да ѝ каже на контролата на летот „Во ред, добра ноќ“, пренесува „Ен-Би-Си њуз“.

Тоа ново откритие ја поткрепува постапката дека мистериозното менување на авионот е однапред планирано и е направено од истата пилотска кабина на авионот, пред контролата на летот да го загуби контактот со „боинг 777“.

Сепак, тоа не сугерира дека авионот е киднапиран.

– Некои пилоти програмираат алтернативен план во случај ако е потребно – изјави Грег Феит, истражувач на авионски несреќи на американската Национална комисија за транспорт.

– Не знаеме дали имало алтернативен план да се вратат во Куала Лумур или авионот да се одведе на друго место, а не во Пекинг – додава Феит.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top