| четврток, 6 декември 2018 |

Деца од Украина убиваат на Крим!

krim

Уапсено е момчето кое со снајпер уби двајца војници во Симферопољ. Тоа има само 17 години и доаѓа од Лавов, западна Украина. Според „Раша тудеј“, малолетното момче е припадник на Десниот сектор.

Претставникот на локалната полиција изјавил дека момчето пукало со намера, а цел му биле членовите од Самоодбраната на Крим, а не Центарот за топографија и навигација. Според полицијата, Центарот за топографија и навигација не е важна воена цел бидејќи огромен процент од вработените се припаднички на понежниот пол. Сепак, овој објект е меѓу првите кои изразија лојалност кон Крим и кон Русија и го почна процесот на транзиција.

Наводно, до инцидентот дошло кога група војници –  припадници на единицата Самоодбрана добиле најава дека во зграда во изградба се наоѓаат вооружени лица.

– Кога почнаа со проверката, се слушнаа истрели. Тогаш, момчето почна да пука, соопштила полицијата при тоа додавајќи дека оганот е отворен од една точка, но во две насоки.

Премиерот на Крим, пак, Сергеј Аксјонов изјавил дека е уапсено 17-годишно момче со потекло од Украина.

– Две лица загинаа и тоа поради провокации, саботажа. Сакам да истакнам дека е употребена истата тактика како на Мајден – додал Аксјонов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top