| четврток, 6 декември 2018 |

Јубилеен концерт на „Никеја“ во петок (ВИДЕО)

nikeja

Македонската рокенрол група „Никеја“ во петок, на 21 март, во МКЦ ќе одржи јубилеен концерт со кој ќе одбележи 20 години постоење на македонската музичка сцена.

Водачот на групата Дејан Ќурчиев за „Република“ изјави дека подготовките за концертот се во завршна фаза и најави интересен концерт исполнет со сè она што овие 20 години „Никеја„ го презентирала пред македонската јавност.

Специјални гости на концертот ќе бидат познатите групи: „Суперхикс“, „Нокаут“ , „Рок Агресори“, „Водолија“, Драган Гиновски – Гино, Елена Христова од „Баклава“, како и други изненадувања.

Ќурчиев најави и нов албум на „Никеја“.

– Се подготвува нов проект со работен наслов „Њу фолдер“ и шеесет отсто од матерјалот е готов, фалат уште некои финеси да се доснимаат и се надевам дека во брз период ќе го промовираме и новиот матерјал – вели Ќурчиев.

Тој очекува одлична забава и добар концерт во петок.

Целиот разговор може да го погледнете на следново видео:


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top