| четврток, 6 декември 2018 |

Ја претепал девојката на сред улица, па потоа ѝ го зел автомобилот

тепачка

Скопјанец ја претепал поранешната девојка, на улицата „Народен фронт“ па потоа ѝ го одзел автомобилот. Според полицијата, 21-годишната Л.О. и нејзината пријателка се движеле во возило „Пежо“, а патот им го попречил 25. годишниот С.Д. кој возел „БМВ“. Тој порано бил во врска со Л.О.

Момчето излегло од автомобилот и почнал физичка да ја тепа својата порнаешна девојка и да ја навредува со погрдни зборови.  По неколку удари по главата и телото, С.Д.  ѝ го зел клучот од автомобилот и заминал.

За картко време повторно се вратил и повторно почнал да ја тепа по што си заминал. Девојката пријавила во полиција а насилникот е приведен.  Полицијата информира дека ќе следи соодветна пријава за напаѓачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top