| четврток, 6 декември 2018 |

Запленети 11 килограми марихуана во Ченто

marihuana 4

Д.Ј. (24)  во текот на минатата година, од засега непознато лице од Албанија, купил неодредена количина марихуана, од која дел препакувал за улична продажба и ја продавал на зависници од Скопје, а дел во посебно направен сад ја преработувал во хашишово масло, кое како наркотична дрога е појака од марихуаната и предизвикува силна еуфорична состојба кај зависниците. Продажбата на дрогата најчесто ја вршел од својот дом, како и со своето возило, разнесувајќи ја на претходно договорени места на подрачјето на градот, пренесува „Прес 24“.

marihuana 3
Полицијата, по добиеното сознание дека пријавениот, и покрај тоа што во 2009 година е кривично пријавен за недозволена трговија со хероин, сѐ уште се занимава со недозволена трговија, презеде интензивни оперативно-тактички мерки и активности за обезбедување материјални докази, при што вчера, од страна на полициски службеници, е извршен претрес во домот на Д.J. каде што се пронајдени и одземени околу 11 килограми марихуана и 12 шишиња од по 1,2 литри хашишово масло, две ваги и еден сад за дестилација. Целокупниот пронајден материјал од извршениот претрес е одземен и предаден за вештачење

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top