| четврток, 6 декември 2018 |

Растат и субвенциите и извозот на земјоделски производи

Ljupco_Dimovski_g_19

Субвенциите за земјоделството се зголемуваат од година во година и истите редовно се исплаќаат. Оваа година само за нив се наменети 140 милиони евра, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, вчеравечер во дневникот на телевизија „Алфа“.

– Ние тоа го предвидовме во 5-годишната програма за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Минатата година одвоивме 135, годинава 140 милиони евра. Следните две години ќе се издвојуваат по 150 милиони евра. Следните 4 години нови 590 милиони евра. Како една директна поддршка за македонскиот земјоделец – рече тој.

Според него, ефектот од овие субвенции е огромен.

– Во изминативе 7 години целото расположливо државно земјоделско земјиште го ставивме во функција на производство преку негова распределба. 68.000 хектари плодна државна земјоделска земја е распредела на над 7700 граѓани, односно земјоделци кои ја обработуваат. Го зголемивме вкупниот обем на производство на речиси 720 милиони евра. Секако, го зголемивме и вкупниот извоз на македонски земјоделски производи надвор од пазарот на Република Македонија во висина од над 500 милиони евра. За споредба, во 2006 година извозот на земјоделски производи беше 242 милиони евра – рече Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top