Првиот фудбалски шампион на Украина, Таврија, сака да се пресели во руската лига, по случувањата на Крим и референдумот на кој граѓаните на полуостровот со висок процент од 96,6 гласаа за отцепување и припојување кон Русија.
Таврија беше првиот шампион на Украина во 1991 година, кога земјата стана независна, а клубот е од Симферопол, град на Крим. Со нив идентични желби имаат и преставниците на вториот клуб од Крим, Севастопол. И тие сакаат да се преселат во руската лига.
– Постојат правила на ФИФА и УЕФА и ние не сакаме да одиме против нив. Заеднички со преставниците на Таврија ќе испратиме писмо до двете федерации и ќе ја презентираме нашата намера да играме во руската лига. Во контакт сме и со украинската фудбалска федерација и сигурно ќе го завршиме ова првенство каде што играме сега, во украинската лига. ЏЗа понатаму ќе одлучат УЕФА и ФИФА, иако нашиот став е јасен, сакаме да играме со руските клубови- изјавиja преставниците на Севастопол.
Член на Таврија е македонскиот репрезентативец Бобан Грнчаров, кој се уште нема одиграно официјален меч за клубот. Тој пристигна во Симферопол во зимскиот преоден рок и имаше многу проблеми, во екот на кризата и недоразбирањата меѓу Русија и Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.