
Холивудската ѕвезда Расел Кроу побарал средба со папата Франциск за да му го претстави новиот филм Ноа, но папата не покажал интерес за средбата.
Според весникот Њујорк дејли њуз, папата наводно требало да се сретне со целата екипа која учествувала во снимањето на филмот, но средбата била одложена поради страв од „медиумско лудило“.
Од Парамаунт пикчрс демантираат дека папата одбил да го благослови филмот.
– Состанокот никогаш не е точно договорен, се вели во реакцијата.
За остварување на средбата очигледно не била доволна ниту твитер кампањата на Расел Кроу кој преку социјалните мрежи се обидел да го убеди папата да го погледнете новиот филм и да го прими во Ватикан.
– Драги Свети Отецу дали би сакале да го видите филмот Ноа на Дарен Аронофски? Сигурен сум дека ќе бидете фасциниран, напишал Кроу на својот Твитер.
Откако папата не изразил интерес, актерот во следниот твит му се извинил.
– Драги Свети Оче, се извинувам што внесов хаос во светот на социјалните медиуми. Но, сериозно, филмот Ноа ќе ве фасцинира, напишал актерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Папата Франциск одлучи: Католичката црква во Македонија ќе добие статус на Епархија
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија


