| четврток, 6 декември 2018 |

„Го видовме исчезнатиот Боинг 777“

maldivi boing isceznat

Жители на Малдивите тврдат дека виделе голем џамбо џет со црвени ленти како лета ниско над нивните куќи. Очевидци тврдат дека сигурно станува збор за исчезнатиот малезиски авион.

Малдивскиот дневен весник Хаверу репортс опишува бел авион со црвени ознаки, налик исчезнатиот Боинг 777 на Малезија Ерлајнс, како летал над Малдивите во 6.15 часот наутро на 8 март.

maldivi

 

– Никогаш не сум видел така голем авион како лета ниско над нашиот остров. Освен мене, го видоа и други жители на островот. Некои слушнале голема бучава па излегле надвор од своите домови да дознаат за што станува збор, тврди очевидец.

Авионот на Малезија Ерлајнс се уште се води како исчезнат и по него се трага. За сега нема некакви опипливи траги кои покажуваат каде се наоѓа, па затоа од час во час медиумите објавуваат се повеќе нагаѓања и теории за неговото исчезнување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top