| четврток, 6 декември 2018 |

Руски сили нападнале украинска воена база на Крим, најмалку еден повреден

Украински војници во база во главниот град на Крим, Симферопољ, биле нападнати од руски сили и еден војник е повреден, соопшти портпарол на украинската армија.

– Украински војник е повреден. Ние сме забарикадирани на вториот кат. Тие сакаат да го предадеме оружјето, но ние нема да се предадеме, изјави неименуван извор од украинската армија.

Друг анонимен извор за украинските медиуми изјави дека во базата се наоѓаат околу 35 лица, од кои 10 до 15 жени. Тој тврди дека еден украински офицери е полесно повреден.

Во меѓувреме командантот на украинската флота Сергиј Гајдук изјави дека во нападот врз воената база еден украински офицер бил повреден од огноено оружј во ногата.

Гајдук посочи дека 38 украински воени бази се блокирани од руските сили на Крим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top