| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ станува пишман, можеби ќе го поддржи Илијаз Халими

Во Демократската унија за интеграција (ДУИ) изгледа дека се подготвени да го поддржат претседателскиот кандидат на Демократската партија на Албанците (ДПА) , Халими , кој е единствениот кандидат Албанец на овие претседателски избори, пишува во својата анализа весникот Лајм.
Изјавата на Ахмети по средбата со директорот на Европскиот оддел при Министерството за надворешни работи на Полска, Артур Орзочовски  и содржината на разговорите со заменик-претседателот на Државната изборна комисија ( ДИК), Субхи Јакупи , води кон претпоставка дека партијата на Ахмети ќе го поддржи кандидатот Албанец на претседателските избори.
Изјавата не Ахмети за бојкот на претседателските избори веќе станува малку помека. Тие нема да им препорачаат на граѓаните да не гласаат за ниту еден македонски кандидат за претседател, за разлика од претходно кога ги повикуваа граѓаните да не гласаат за ниту еден кандидат за претседател.
За време на состанокот со директорот на Европскиот оддел при Министерството за надворешни работи на Полска, Артур Орезовски , Ахмети ги отфрли шпекулациите за притисок врз гласачите и го потврди ставот дека нивната активност навистина ќе биде во насока на препорака до граѓаните да не гласаат за ниту еден кандидат Македонец.
Според Ахмети, на овој став му претходи одбивањето на идејата за консензуален претседател кој ќе ги застапува сите граѓани, без оглед на етничката припадност, религијата и културата .
Од своја страна, Орозовски рече дека неговата земја ја поддржува Македонија за влез во НАТО и во ЕУ и дека ги поттикнува страните да се вклучат во надминување на спорот со името. Инаку, тој ги оцени како одлични односите меѓу Македонија и Грција (?).
Во меѓувреме, потпретседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Субхи Јакупи гласаше против кандидатите Ѓорѓе Иванов, Стево Пендаровски и Зоран Поповски, додека  беше воздржан на гласањето за Халими, се вели во анализата на весникот на албански јазик Лајм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top