Македонскиот актер Тони Михајловски отворено ја даде својата поддршка за претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, за престојните претседателски избори.
Помеѓу многуте причини зошто го поддржува токму Иванов, Михајловски на „Фејсбук“ ја издвои токму оваа случка.
– За 20 години театар ми се случи само еднаш претседателот на Република Македонија да изрази желба да се види со актерите за да честита. Не беше тоа премиера каде што обично врие од новинари. Тоа беше реприза на „Изгубени Германци” уште додека се играше во стариот театар. Не ни знаевме дека е во публика. Не не напна обезбедувањето.После претставата не замолија да останеме пет минути за да се види со нас доколку сакаме. Сите останавме и сите поразговаравме со него. И од ВМРО и од СДС И сите бевме насмеани. Пријатна беше и средбата и разговорот. Ни кажа дека претставата му ја препорачал син му.
Имам повеќе причини зошто Ѓорѓе Иванов. Ова е една од нив. Човечка – напиша Тони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тони Михајловски: Нивниот бал под маски, заврши. Паднаа маските
-
Поднесен обвинителен предлог против Тони Михајловски за закани за убиство на Бранко Тричковски
-
Претседателот Иванов на 73. Генерално собрание на ОН
-
Каракамишева со апел до Иванов: Претседателе, имаме милион аргументи на наша страна, искористете ги