| четврток, 6 декември 2018 |

Со заложба на Владата, од денеска поевтинуваат 352 лекови

todorov 2

Продолжуваат заложбите на Владата и на Министерството за здравство за намалување на цените на лековите, како една системска реформа која во континуитет се спроведува, со цел овозможување на поголема достапност на лековите кои се неопходни за одржување на здравјето, за превенирање и лекување на одредени заболувања. Министерот за здравство денес информираше дека согласно последните измени на Законот за лекови и донесената методологија за начинот на формирање на цените на лековите од 15. овој месец се врши ново петто намалување на максималните цени на вкупно 352 лека (иновативни, оригинатори и генерички лекови).

-Значително намалување има кај речиси сите фармакотерапевтски групи на лекови, посебно кај антинеопластици и имуномодулатори, лекови за висок крвен притисок, аналгетици,  антибиотици, антимикробни лекови, антивирусни лекови, седативи, антиревматски, како и лекови кои делуваат на желудник и гастроинтестинален систем, имуносупресиви и др.Со намалувањето се опфатени како лековите за болничка употреба, така и лековите кои граѓаните ги купуваат во аптека.Како што споменав, согласно Методологијата за одредување на цените на лековите, Бирото за лекови изготви анализа  на сите  лекови  кои имаат одобрение за пуштање во промет на лекови на територијата на Република Македонија и од направените пресметки од 15 месецов доаѓа  до ново намалување на 218 се генерички лекови и 134 иновативни лекови и оригинатори – рече Тодоров.

Просечното намалување на генеричките лекови изнесува 18,42 проценти.

Големо процентуално намалување има кај следните генерики:
•      Miconazole  (лек за габични инфекции) – 88,39 отсто
•      Carbamazepine (за епилепсија) – 65,83 отсто
•      Irinotecan (лек за карцином)– 64,44 отсто
•      Topiramate (епилепсија)– 62,53 отсто
•      Sodium fluoride (лек за зајакнување на забите) – 61,91 отсто
•      Diclofenac (лек за намалување на болката и воспалението) – 54,41 отсто
•      Azithromycin (антибиотик) – 45,88 отсто

Најголемо намалување се јавува кај следните генерики:

–    Ironotecan од 100 ml (лек за карцином) – со разлика во цена од 64,44 проценти (стара цена била 8.450 денари, а новата изнесува – 3.004,98, а разликата во цена изнесува-5.445,03 денари).
–    Gemcitabine од 1g (лек за карцином)- со разлика во цена од 49,24 проценти (стара цена-7.861, нова цена-3.990,54 денари, а разликата во цена изнесува 3.870,47 ден).
–    Fentanyl 75mcg/h (аналгетик) – со разлика во цена од 50,43 проценти (стара цена-3.970,14 ден, нова цена-1.968,00 ден, при што разликата во цена изнесува-2.002,15 денари)… и кај многу други лекови, кои може да се видат во презентацијата..

Инаку, вкупната проценета заштеда кај генеричките лекови на годишно ниво изнесува-130.139.000,00 денари,  односно околу 2,116,000 евра

Најголемо заштедување е проценето кај генериката Heparin (антикоагуланс) од 25000 IE (интернационални единици) /5 ml x 10 стаклени вијали со намалување на максималната цена од 1.999,12 денари на 1.877,77 денари, со што годишно се заштедуваат –  254,300 евра.

Исто така кај генериката cefixime (антибиотик) од 400 mg и пакување од 10 филм – обложени таблети, каде има намалување од 880 денари – на 604.87 денари, со што ќе има годишна заштеда од околу 192,590 евра.

Во рамки на најновото петто намалување на максималните цени на лекови – намалени се и цените на 134 оригинатори и иновативни лекови.

Просечно процентуално намалување кај овие лекови изнесува 6,44 отсто, додека просечна цена на намалување на овие лекови изнесува – 368 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top