Двајца скопјани се уапсени поради тоа што во автомобилот шверувале околу 10 килограми хероин.
Според првичните информации од МВР, тие биле вклучени во меѓународен канал за шверц на дрога, а во овој случај хероинот го набавиле во Турција и преку Грција сакале да го пренесат во земјава.
Скопјаните биле уапсени на граничниот премин „Богородица“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.