| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Центар и Тодоровиќ се грижат за граѓаните

Проектот за енергетска ефикасност во општина Центар, со кој беше извршена реконструкција на старите и дотраени фасади на станбените згради, е во својата напредна фаза, а главниот виновник за ефикасната реализација на овој проект е актуелниот градоначалник Владимир Тодоровиќ

Со овој проект, со кој беа опфатени 11 колективно – станбени згради, општина Центар им овозможи на своите граѓаните, да ги подобрат своите услови на домување во смисла на заштеда на енергија, намалени трошоци, намалување на загубата на топлинска енергија и заштита на животната средина.

centar todorovic

На повеќе од половина од утврдените локации реконструкцијата на фасадата е веќе завршена, а на сите останати локации реконструкцијата е веќе започната.

Еден од условите за аплицирање на проектот беше и 70% од станарите во зградите, заинтересирани за реконструкција на термичка фасада, да се согласат да ги променат балконските врати и прозорци.

centar

Општина Центар за овие активности од својот буџет, издвои 30 милиони денари. Исто така и невладината организација Хабитат Македонија се вклучи во овој проект, со тоа што на веќе избраните станари им пружи поддршка во насока на обезбедување и монтажа на прозорци со низок коефициент на пропустливост, што директно влијае на заштедата на енергија.

Поради големиот интерес, општина Центар и оваа година ќе продолжи со реализација на енергетско ефикасни проекти и реконструкција на фасади на станбените згради на територија на истата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top