| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓаат над 20 нови инвестиции во Македонија

Ekonomska zona Bunardzik (6) (Custom)

 Над 250 милиони евра странски инвестиции влегоа во Македонија изминатата година, а дел од нив се уште се имплементираат. Во овие капацитети, како што ојавија инвеститорите, се отворија над 11.000 нови работни места.

Само во Бунарџик има 10 странски компании, а една од нив е американската „Џонсон Контролс“ и британската „Џонсон Мети“, кои најавија проширување на нивните капацитети.

Во Бунарџик, „Џонсон Контролс“ инвестираа околу 40 милиони евра и вработија 350 луѓе.

„Џонсон Мети“ инвестираше 130 милиони евра, а до крајот на годинава ќе се отворат уште 150 работни места.

Американски „Кемет“ вработи 250 луѓе, а инвестираа 35 милиони евра, додека најавија уште 10 милиони за дополнителниот капацитет од 100 нови вработувања.

Италијански „Текнохозе“ оваа година инвестираше 35 милиони евра, а најавија и инвестиција од дополнителни 11 милиони за вработување на 100 лица.

„Ван Хол“ вработи 400 лица, а оваа година најавија уште 100 вработувања.

„Истем Медикал“ од Турција оваа година ќе ја реализираат инвестицијата од 8 милиони евра, а ќе се вработат 250 лица.

„Менсан Аутомотив“ инвестираа 5 милиони евра во фабриката за сопирачки, која отвори работни места за 100 лица.

Во јануари годинава премиерот најави уште најмалку 20 компании коишто ќе инвестираат во земјата.

Во 2013 година странските инвеститори кои работат во земјата очекуваа извоз од околу 760 милиони долари. Прогнозите велат дека извозот ќе се зголеми за 50 отсто и ќе достигне 1,2 милијарди евра, коишто ќе покријат 1/3 од вкупниот извоз на Македонија во 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top