Политичкиот ризик во Македонија е на историски најниско ниво од 1997 година наваму, смета „Економист интелиџенс јунит“ (Еconomist Inteligence Unit). Ова е пренесено и на влијателниот веб-сајт за економски вести „Блумберг“.
„Економист интелиџенс јунит“ потенцира дека политичкиот ризик се оценува според политички фактори кои се поврзуваат со политичката стабилност и ефикасност, што може да влијае врз способноста на една земја и посветеноста да го исплати долгот или да предизвика турбуленции во пазарот за извоз.
Од графиконот објавен во угледниот весник може да се забележи дека рејтингот на нашата земја во февруари 2014 година е на историски најниско ниво откако почнало да се спроведува мерењето во 1997 година. Тогаш нашата земја била на 80. место според политчкиот ризик, додека сега се наоѓа на 61. место.
Повисокиот резултат покажува поголема шанса за ризик, што укажува на тоа дека рејтингот на Македонија во однос на ризикот кон суверенитетот, валутата и банкарскиот сектор е на најниско ниво откако се спроведува мерењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промовирано македонското издание на специјалната едиција на „Економист“
-
Гаф на „Економист“: Сакајќи да го исмее Путин, Лукашенко го направи украински претседател
-
Владата преку „Економист“ бара менаџери што ќе доделуваат инвестиции од Фондот за иновации
-
„Економист“: Уругвај е држава на годината за 2013