ПС Ресен поднесе кривична пријава против 31-годишниот Ш.И. од Ресен, инаку професионален војник во АРМ, за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Имено, на 6 март годинава, околу 23:00 часот, во канцелариските простории на фирмата „Фреш Епл“ во Ресен, поради должничко доверителски односи настанала вербална расправија помеѓу братот на пријавениот, Е.И и Ж.К., при што пријавениот извадил пиштол репетирајќи го. Поголема штета била избегната откако неговиот брат му ја симнал раката спречувајќи го во намерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.