| четврток, 6 декември 2018 |

Гевгелија ќе го подига нивото на културата и спортот

Гевгелија одвојува осум милиони денари од општинскиот буџет за финансирање на активностите на спортските клубови, спортските здруженија, традиционалните турнири и други манифестации во кои учествуваат млади луѓе

gevgelija

Културните манифестации ќе бидат помогнати со четири милиони денари кои ќе се потрошат, пред се, за организирање на традиционалните културни настани како што се „Спасовден“, „Гевгелиско културно лето“, „Денови на комедијата“, „Смоквијадата“ и арт фестивалот „БОШ“.

gevgelija1

Спортски активности

Од оваа програма финансиски ќе се подржат активностите на културно-уметничките друштва, фолклорните ансамбли, ликовните здруженија и на Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија, но и на културните манифестации како што се детскиот музички фестивал Калинка и меѓународниот фестивал на млади пијанисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top