| четврток, 6 декември 2018 |

Социјалните мерки веќе дадоа резултати

Dime Spasov, intervju

– Инспекторите со засилени контроли внимаваат како се спроведува Законот за минимална плата. Од овој месец минималецот изнесува 8.800 денари. Ќе продолжи да се зголемува во наредните години. Догодина ќе биде 9.590 денари, а во 2016 -10.080 денари. Очекувам да се почитува законот од страна на работодавачите и очекувам да се изврши ова зголемување на минималната плата, со оглед на фактот дека не е многу, меѓутоа предвидуваме исто така во три години да се врши континуирано зголемување на минималната плата, а со тоа да се подобрува стандардот на околу 65.000 работници – истакна министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во вчерашниот Дневник на МРТ1.

Тој вели дека испекторите од државниот инспекторат за труд, почнувајќи од денес ќе вршат диркетни, непосредни контроли на терен, дали од страна на работодавачите се почитува законот за минимална плата, односно дали е извршено зголемувањето на минималната плата.

– Санкциите се строги меѓутоа во секој случај доколку инспекторите затекнат определен работодавач или компанија која не исплатила минимална плата согласно законот односно 8.800 денари, во тој случај задолжително ќе се донесе решение, компаниите односно приватните фирми, се должни во рок од 7 дена да ја корегираат исплатата и да извршат дополнитлена исплата на минималната плата. Во спротивно следуваат парични казни од 6-7 илјади евра за правното лице и за одговорното лице од 3-4 илјади евра. Очекувам да се почитува законот од страна на работодавачите – додаде Спасов, кој очекува да се изврши зголемување на минималната плата со оглед на фактот дека не е многу, а ќе подобри стандардот на околу 65 илјади работници кои што во моментов остваруваат минимална плата.

Во врска со проектите на ова министерство претставени во Отчетот на ВМРО- ДПМНЕ, Спасов рече дека во делот на Труд и социјала има над 153 проекти кои што се реализирани од кои што 45 се ветени и остварени додека пак 108 не се ветени, а се остварени или пак во реализација.

– Меѓу овие проекти кои што не се ветени е законот за минимална плата меѓутоа изголемувањата на минималната плата односно измените на самиот закон кој што ги направиме пред извесен краток временски период. Од друга страна пак, она што го ветивме, и го реализираме е згоелмувањет она пензиите кое што едоста значително изминатите години, просечната пензија во Македонија е зголемена за 62 проценти додека пак не ветивме а за зголемуваат и социјалните трансфери одноосно социјалната парична помош која што е зголемена изминатите години за 47 проценти. Дополнителоно за старите лица продолжуваме да го реализираме ветениот проект за бесплатна банска климатска рекреација. Веќе овој месец започнуваат пензионерите да ја користат оваа бесплатна услуга и ќе ја искористат 5.500 пензионери. Додека, не ветивме, а го реализиравме и проектот за бесплатен летен и зимски одмор на повеќе од 3 илјади дечиња кои се без родители или пак деца со пречки во развојот или пак деца од семејства кои што се наоѓаат во социјален ризик – посочи министерот за труд и социјална политика.

Тој се осврна и на зголемувањата на социјалната помош, пензиите.

– 47 проценти е во просек зголемувањето на социјалната парична помош, сепак имаме зголемување на другите социјални трансфери или пак социјални додатоци односно и постојаната парична помош е зголемена за 46 проценти. Туѓата нега, односно помошта за трето лице има зголемување над 30 проценти изминатите години. Дополнително воведени се и нови права за одредени категории на лица со инвалидитет, додаток за мобилност, додаток за слепило од 8 илјади денари месечно за потполно слепите лица и за луѓето со телесен инвалидитет во количка. Почнувајќи од ова година го воведовме и додатокот за глувост за потполно глувите лица како и за лицатас кои што боледуваат од „квадри имплегија“. Дополнително го зголемивме и додатокот на самохрани родители на деца со пречки во развојот за 50 проценти -подвлече Спасов.

Во врска со мерката за вработување на млади до 29 години, Спасов укажа дека станува збор за една од најновите мерки со кои што се сака да се поттикне вработувањето на младите.

– Меѓутоа исто така да овозможиме поволности кај приватниот сектор, оваа мерка од ослбодување од плаќање на социјлани придонеси од вкупно 37 проценти до просечна бруто плата е значителна поволност. Во моментов има над 50 приватни компании кои што во период од 3-4 дена изразија интерес и сакаат да ја користат оваа мерка, поднесоа барање за вработување на над сто невработени млади лица, како што кажав ова е само за 3 дена и очекувам во наредниот временски период се повеќе да расте интересот – додаде Спасов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top