
Исчезнатиот малезиски авион во радиусот на неговиот долет имал повеќе од доволно адекватни аеродроми и писти на кои можел да слета.
Читателот на TheAtlantic.com, Давид Стрип од Ново Мексико, направи интерактивна мапа со приказ на сите аеродроми на кои можел да слета исчезнатиот авион.
Прикажаните писти се со должина меѓу 1372 и 4430 метри и поделени во четири категории, означени со соодветни бројки. Пистите со жолта боја се доволни за на нив да слета исчезнатиот „боинг 777“, но идеални за овој тип авион се тие од останатите три категории, кои се и подолги.
Секоја означена писта има податоци за должината, локацијата и за надморската височина. Мапата можете да ја зголемите и да ја поместувате, а можете да користите и сателитски поглед.
Сепак, стручњаците велат дека ако исчезнатиот авион слетал на која било од овие писти, тоа досега би се знаело…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


