| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен најголемиот наркобос во Србија

darko saric

Српскиот наркобос Дарко Шариќ е уапсен утрово во заедничка акција на полициите на Црна Гора и Србија, објави „Блиц“ повикувајќи се на информации од Специјалното обвинителство. Засега нема детали од акцијата ниту на кое место е фатен, но, според информациите на весникот, Специјалното обвинителство очекува во најбрзо време Шариќ да биде донесен на испрашување.

Според информациите на „Б92“, Шариќ е пронајден во Латинска Америка, каде што се криел во повеќе земји, преминувајќи од една во друга. Откако бил уапсен, пренесен е во Црна Гора, каде што и официјално е уапсен. Најголема заслуга за неговото апсење, според телевизијата, имала српската разузнавачка агенција БИА.

Реализиацијата на оваа долгопланирана акција била раководена од министрите за правда на Србија и на Црна Гора.

 Повеќе детали се очекуваат за денеска на пладне кога министерот за правда Никола Селаковиќ ќе одржи прес-конференција.

Шариќ би требало првпат да се појави пред Специјалниот суд на 24 март за кога е закажано продолжението на судењето на припадниците на неговата криминална група кои се товарат за шверц на повеќе од 3 тона кокаин од Латинска Америка во Европа, во периодот од 2008 година до 2009 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top