Земјотресот што вчера го стресе Лос Анџелес не предизвика сериозна материјална штета, но беше прилично силен за да исплаши многу луѓе.
Меѓу оние кои најмногу се исплашија беше водителот на локалната телевизија КТЛА, Крис Шобл, кој веднаш откако почувствува тресење викна, „Земјотрес“ и заедно со водителката се сокрија под масата. Гледачите можеа во живо да видат како се тресат камерите и светлата од студиото. Изразот на лицето на водителот стана вистински хит на интернет, а тој самиот фотографијата на која изгледа престрашено ја ставил како профилна фотографија на „Твитер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.