| четврток, 6 декември 2018 |

Турција контра Русија за Кримските татари

Официјална Анкара соопшти дека нема да го признае „недозволениот“ референдум, кој вчера на Крим заврши со голема победа на приврзаниците за присоединување на украинскиот полуостров кон Русија

 

 „Референдумот не е признат и не е легитимен“, изјави шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу пред средбата со лидерот на кримското татарско малцинство Мустафа Џемилиев.

Давутоглу посочи дека референдумот е „недозволив краен факт“ кој ја „нарушува територијалната целовитост на Украина“, додавајќи оти се надева дека гласањето нема да предизвика нови тензии.

„Референдумот на Крим не го затвори патот за понатамошно барања излез од ситуацијата во Украина врз основа на територијалната целовитост на земјата. Потребно е брзо да започне дипломатската работа и да се организира преговарачки процес во рамките на уставната реформа, врз основа на принципите на територијалната целовитост на западниот и источниот дел на Украина и Автономната Република Крим“, посочи Давутоглу.

Турција, која е членка на НАТО и има развиени трговски односи со Русија, историски е поврзана со татарската заедница, која претставува 12 проценти од населението на Крим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top