| четврток, 6 декември 2018 |

Украина го отповика својот амбасадор во Русија

rusija4

Украина го отповика својот амбасадор во Русија поради консултации, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи.

Амбасадорот Владимир Јеченко е отповикан поради ситуацијата во Автономната Република Крим и потребата за консулатции за меѓународните аспекти на такваа ситуација.
На вчерашиот референдум на Крим за обединување со Русија се изјаснија 96,77 проценти од гласачи. Парламентот на Крим утрово усвои резолуција за независност и побара од Русија „прием на Република Крим во состабот на Руската Федерација“
со статус на република.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top