| четврток, 6 декември 2018 |

Осум и пол години затвор за фризерката која продаваше непостоечки станови

frizerka-4

Основниот суд Скопје 1 и изрече години осум и пол години затвор на Благица Дончевска, фризерката која според Обвинителството измами над 40 лица продавајќи им непостоечки станови. Нејзиниот татко, Ацо Вељановски, на чија трансакциска сметка биле уплаќани парите од измамата и кој е обвинет за помагање на измама доби четири и пол години затвор. На име на оштета, обвинетите ќе треба да вратат околу 45 милиони денари.

Дончевска беше уапсена во март мината година под сомнение за сторено кривично дело измама, односно дека претставувајќи се како претставник на владин проект за станови наменети за млади брачни парови, социјални случаи и лица со посебни потреби, довела во заблуда 42 лица. Според обвинението, таа на оштетените им велела дека за становите треба да уплатат дел од сумата, а остатокот ќе биде покриен со донациите на амбасадите на Белгија и на Холандија. Овие лица останале и без пари и без станови. Паричните средства биле уплаќани на сметката на нејзиниот татко, Ацо Вељановски, кој се товари за помагање измама. Трансакциската сметка на која биле уплатени 55 милиони денара, подоцна се утврди дека е празна, односно дека е во минус за 56 илјади денари.

Извор: Академик

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top