| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ја повика Украина да стане федерална држава

ukrain parl

Руското Министерство за надворешни работи денеска ја повика Украина да стане федерална држава и да одржи нови избори.

Во соопштението на Министерстото се повикува украинскиот Парламент да свика конститутивна седница, на која би можел да донесе нов устав со кој државата би станала федерација и би им се дале повеќе надлежности на регионите.

Според Министерството, овие предлози се дел од неговите напори за намалување на тензиите во Украина со дипломатски средства.

Русија повика денеска за создавање на меѓународна група за поддршка, која ќе посредува во решавањето на украинската криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top