Ламбе Алабакоски викендов на Велешко Езеро го снимаше видеоспотот за победничката песна од овогодинешниот „Скопски фестивал“. „Ќе те чекам јас“ доби своја приказна, во која покрај Ламбе игра и ракометарката на Вардар, Ива Стојковска.
– Ламбе и Ива совршено се вклопија во убавина на Велешко Езеро. Денот беше идеален за да оваа видеоприказна добие и своја сончева страна – велат од „План Б продукција“.
Спотот го работеше „Фабрика продукција“, а телевизиската промоција на видеото ќе биде наскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.