| четврток, 6 декември 2018 |

Сам свој мајстор: Напиша и испеа песна, па го режираше и видеоспотот

Во текот на вчерашниот ден фолк-пејачот Јордан Митев ги снимаше кадрите за неговата нова балада „Само тебе јас те сакам“, песна во која фолкерот верува многу и смета дека и покрај моментната состојба на музички план ќе го најде своето место меѓу публиката.

И овој пат, тој е сам свој мајстор, па освен што е потпишан како комплетен автор на баладата, тој е и режисер на видеото.

– Со видеото ја опишувам самата приказна во песната. Во него се појавуваат уште двајца статисти, со чијашто помош раскажуваме една љубовна приказна исполнета со турбуленции, која, сепак, завршува со среќен крај –  вели Митев.

15056217_10210278626937826_5072443594511955569_n

Пејачот заедно со својот тим кадрите ги снимаше на неколку интересни локации во Скопје.

– Приказната е љубовна, кадрите ги снимавме на неколку атрактивни локации, па искрено верувам дека крајниот производ ќе ѝ се допадне на публиката. Мислам дека толку моќна балада не заслужи ништо помалку од тоа што ќе го видите наскоро – додава Митев.

15037071_10210278626897825_2445616869092968565_n

Промоцијата на видеото се очекува наскоро, а доколку сѐ оди според планираното, оваа 2016 година ќе биде заокружена со уште еден видеозапис, и тоа за „Кажи ‘да’ моја најмила“.

Веднаш потоа Митев влегува во студио и почнува со работа на новиот студиски материјал, кој на пазарот ќе се појави во текот на следната, 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top