| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета во САД: Путин поголем лидер од Обама

U.S. President Barack Obama meets with Russian President Putin in Los Cabos

Американците сметаат дека рускиот претседател Владимир Путин е многу поголем лидер од претседателот на САД, Барак Обама, покажува анкетата на британскиот весник „Економист“ и меѓународната аналитичка агенција „ЈуГов“.

Мнозинството анкетирани, околу 78 проценти, сметаат дека Путин во целина е поголем политичар од Обама и дури 55 проценти од анкетираните Американци го сметаат својот претседател за вистински слаб лидер.

Половина од анкетираните оценуваат дека САД не се должни да се вклучат во случувањата во Украина, а само 24 проценти од испитаниците ги одобруваат акциите на Обама во врска со Украина.

Во анкетата се опфатени околу 1.000 Американци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top