| четврток, 6 декември 2018 |

ДПА ги претстави претседателскиот кандидат Илјаз Халими и листите за пратеници

DPA sediste

Демократската партија на Албанците (ДПА) во Тетово синоќа одржа конвенција на која беа претставени претседателскиот кандидат Илјаз Халими и листите за пратенци во шест изборни единици.

Во првата изборна единица носител на листата на ДПА е Беким Фазлиу, во втората Орхан Ибраими, во третата Хабиб Максути, во петтата е Зија Јонузи, а претседателот на партијата Мендух Тачи е носител на листата во шестата изборна единица, како и двајцата кандидати од дијаспората, Шпенд Саити за Европа и Ферки Бектеши од Америка.

Мендух Тачи истакна пред своите симпатизери дека ДПА ќе ги реализира своите цели, а тоа се дводомен парламент, официјална употреба на албанскиот јазик, пропорционална застапеност и правична распределба на буџетот и побара поддршка од присутните во салата и за претседателските и за предвремените парламентарни избори.

– Гласајте за нас бидејќи го заслужуваме мандатот и исполнете ми го сонот Илјаз Халими да добие 300 илјади гласови. Состојбата е тешка и затоа ни треба вашиот максимален ангажман за ДПА да биде дел од Владата и за 18 месеци да се реши проблемот со евроатлантските интеграции – изјави Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top