| четврток, 6 декември 2018 |

„Резервен живот“ се преведува на повеќе јазици

резервен живот

Само неколку месеци по добивањето на европската награда за литература, романот „Резервен живот“ од Лидија Димковска го привлече вниманието на повеќе европски издавачи. Во наредниот период романот ќе биде објавен во Италија, Чешка, Бугарија, Словенија, Унгарија и во Летонија, а во Летонија ќе биде објавен и нејзиниот прв роман „Скриена камера“.

Во речиси сите споменати земји за романот „Резревен живот“ од Димковска беа заинтересаирани повеќе издавачи. Преводите им се доверени на сериозни преведувачи од македонски јазик. Се очекува романот да биде објавен и на други јазици во светот. Поголем извадок од романот излезе на германски јазик во реномираното австриско списание за литература „Манускрипте“, а наскоро извадок од романот ќе биде објавен и во САД.

Меѓу останатите добитници на наградата на Европската унија за литература за 2013 година, Димковска е еден од авторите со најголем број потпишани договори со странски издавачи за објавување на наградениот роман. Романот „Резервен живот“ од Димковска кон крајот на 2012 година го објави издавачката куќа „Или-Или“, а пред кусо време доживеа и второ издание.

Освен наградата на Европската унија за 2013 година, романот ја доби и наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top