| четврток, 6 декември 2018 |

Дербито во НБА за шампионот Мајами

Мајами хит го доби дербито во НБА-лигата против Хјустон рокитс, а блескаше резервниот играч на шампионот Реј Ален со 25 поени, 14 од нив во последната четвртина. Хит победи со 113-104, а одличен придонес имаше и олстар-триото Џејмс, Вејд и Бош со вкупен ефект од 62 поени.

Најефикасен на мечот беше Џејмс Харден од поразениот состав со 30 поени.

Значајна победа забележаа и кошаркарите на Далас маверикс на гостувањето против Оклахома. На крајот на семафорот стоеше резултат 86-109 во корист на Маверикс. Како утеха за домаќините е продолжувањето на серијата на Кевин Дурент. Тој даде 30 поени, а веќе на 31 натпревар по ред има постигнато над 25 поени.

Интересен тек имаше и на дуелот меѓу Портланд и Голден стејт, а гостите од Сан Франциско победија со 113-112, со тројката на Клеј Томпсон на 11 секунди до крајот. Стив Кари направи неверојатен подвиг и го заврши мечот со 37 поени иако во првите 20 минути немаше постигнато ниту еден поен.

Резултати: Мајами – Хјустон 113-104, Оклахома – Далас 86-109, Портланд – Голден стејт 112-113, Милвоки – Шарлот 92-101, Торонто – Феникс 113-121, Њу Орлеанс – Бостон 121-120 (по едно продолжение), Минесота – Сакраменто 104-102, Сан Антонио – Јута 122-104.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top