| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов на промоција на книгата „Проглас“ по повод 1.150 години од мисијата на браќата Кирил и Методиј

gorge-ivanov.jpg500

По повод 1.150 години од моравската мисија на светите браќа Кирил и Методиј, денеска во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Проглас“, пишувана од неколку еминентни словачки научници.

Денешниот настан претставува и активност во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Словачка и Република Македонија, под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

На промоцијата, покрај Иванов, излагање ќе имаат и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, како и амбасадорот на Република Словачка во Скопје, Мартин Безак.

Инаку, текстовите во книгата се паралелно пишувани на словачки и на македонски јазик, а делото е во издание на словачката Национална библиотека „Мартин“.

Во името на издавачката куќа за делото ќе зборува преведувачот Стојан Лековски, а во рамки на настанот ќе биде отворена и тематска  изложба „1150 години од доаѓањето на Константин и Методиј на територијата на Република Словачка“.

Делото посветено на Кирил и Методиј е збогатено со триесетина илустрации со најстарите фрески од Охрид и македонските цркви на кои се претставени седмочислениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top